ПОБОГАТИ ОД ГЕРМАНЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ: Koи се најбогатите нации во Европа?
Време за читање помалку од минута
Белгијците се меѓу најбогатите жители во Европа.
Националната банка на Белгија објави дека тие се значително побогати од просекот во еврозоната. Вкупното богатство на домаќинствата во Белгија изнесува 2.800 милијарди евра, што ја позиционира земјата пред Франција, Германија и Холандија. Само Луксембург и Шпанија имаат подобри резултати од Белгија.
Недвижностите, кои сочинуваат 59 отсто од богатството, остануваат главниот двигател на економскиот успех. Финансиските средства и деловните инвестиции имаат удел со 20 отсто.
Белгиските домаќинства имаат просечна актива која е девет пати поголема од нивниот годишен приход. И Луксембург е земја која на многу ранг листи е на врвот.
Latest posts by Редакција (see all)
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025