Мицкоски: Македонија меѓу првите три земји во Европа по мерки против ценовните шокови
Според последните анализи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 15 април, Северна Македонија се наоѓа на третото место во Европа според обемот на мерки преземени како процент од БДП за справување со енергетската криза, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.
На прес-конференција, премиерот истакна дека Владата презема низа чекори за амортизација на ценовните шокови, кои, како што нагласи, се резултат на геополитичките случувања и кризите на светските пазари, а не на внатрешни политики.

