ПОВЕЌЕ ОД 16 000 ПЕНЗИОНЕРИ ВО ЈУЛИ СО ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ ЗАВРШИЈА ВО КВОТАТА НА МИНИМАЛНИ
Минимална пензија се смета пензијата во висина од 9.986 до 12.801 денар, додека над минимална пензија има поширок распон и ги опфаќа пензиите на македонските пензиоери од 12.801 до 40.548 денари. Ова го покажуваат најновите бројки на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување(ПИОМ) во анализата за месец јули.
Сепак месец јули е малку поразличен од останатите. Според податоците од фондот минатот месец повеќе од 16 000 пензионери испаднале од квотата на пензионери со примања над минималните и завршиле во пензионери со минимална пензија. Со тоа учеството на најголемата група на пензионери со примања од 12.801 денар до 40.548 денари во јули се намали 57,87 проценти, додека порасна групата со минимални примања на пензионери на 34,27 проценти.
Повеќе: Пари.ком.мк

