Повеќе од 2.700 словачки лекари дале отказ поради проблеми во јавното здравство
Време за читање помалку од минута
Над 2.700 лекари во Словачка вчера дадоа отказ, барајќи од министерот за здравство Камил Шашак да го запре процесот на трансформација на државните болници во акционерски друштва, соопшти Синдикалното здружение на лекари ЛОЗ.
Според словачкиот портал Та3, синдикатот е свесен за проблемот со консолидација на јавните финансии, но кај медицинските работници, особено кај лекарите, се зголемува загриженоста за можното намалување на платите.
Претседателот на ЛОЗ Петер Висолајски за медиумите изјави дека ова не е првпат лекарите да поднесуваат масовни оставки и дека се надева дека „владата ќе се разуми и ќе почне да ги решава работите во корист на пациентите“.
Latest posts by Редакција (see all)