Масовни отпуштања во технолошкиот свет – секој работник чини и до 70.000 долари
Некои од најбогатите технолошки компании во светот во последните години издвојуваат милијарди долари за намалување на бројот на вработени и реструктурирање на работењето, покажува анализата на Business insider базирана на најновите годишни извештаи на големите американски компании.
Анализата ја опфатила т.н. „Седум величенствени“ група на технолошки компании – Apple, Microsoft, Meta, Amazon, Nvidia, Tesla i Alphabet.
Меѓу нив, Meta, Nvidia, Apple и Alphabet не ги објавиле прецизните трошоци за отпремнини, додека Microsoft и Tesla трошоците ги покажале во рамките на поширока категорија на расходи, поради што не можеле точно да бидат споредени со другите.
Единствена компанија од оваа група која детално ги прикажала трошоците за отпремнини е Amazon, кој до 2025 година потрошил околу 2,7 милијарди долари на проценетите трошоци за отпуштање на вработени. Од нив, 1,8 милијарди долари се евидентирани во третиот квартал од минатата година.
Amazon го намалувал бројот на вработени во различни делови од компанијата откако извршниот директор Енди Џеси го започнал реструктурирањето по наглото вработување во текот на пандемијата. Во октомври 2025, компанијата објавила дека ќе отпушти 14.000 работници, а потоа уште 16.000 на почетокот на 2026 година.
Ако овие трошоци би се вклучиле во вкупните 1,8 милијарди долари планирани за укинување на работните места, тоа би значело дека отпуштањето на еден вработен на Amazon би чинело околу 60.000 долари, пишува Бизнис Инсајдер.
Вон „Големата седумка“, анализирани се уште пет американски технолошки гиганти – Oracle, Intel, Dell, AMD и Mikron – од кои сите пријавиле трошоци за отпремнини.
Oracle и Intel забележале најмногу трошоци, по 1,8 милијарди долари секој.
Во случајот на Intel, отпуштањата се дел од пошироката стратегија за пресврт на работењето под водство на извршниот директор Лип-Бу Тан, кој спроведува мерки за намалување на трошоците. Во 2025 година компанијата планирала да намали околу 15 % од работната сила, што претставува повеќе од 25.000 работни места. Процените покажуваат дека Intel потрошил повеќе од 70.000 долари по секој отпуштен вработен. Intel не одговорил на барањето за коментар.
Oracle, кој истовремено го зајакнува своето работење во облак и вештачка интелигенција, исто така поминува низ реструктурирање. Компанијата е партнер во проектот на дата центри на компанијата Stargate во сопственост на OpenAI, вредна 500 милијарди долари.
Бројот на вработени во Oracle е намален за околу 21.000 помеѓу мај 2025 и мај 2026 година, според годишниот извештај. Трошоците за реструтурирање, вклучувајќи ги отпремнините, прекините на договори и другите излезни трошоци, пораснале за 391 % – од 374 милиони долари на околу 1,8 милијарди долари во текот на годината.
„Како што нашите cloud и AI работи растат, ќе продолжиме да ги балансираме ресурсите и да ги реструктурираме развојните тимови за да ги обезбедиме витинските луѓе за испорака на најдбори cloud и AI производи“, навел портпаролот на Oracle за Бизнис Инсајдер.
Dell пријавил 569 милиони долари трошоци за отпремнини. Компанијата во последните години го намалувала бројот на вработени по падот на побарувачката на компјутери после пандемискиот бум, додека фокусот е насочен кон AI сервери и инфраструктура.
Според најновиот 10-К извештај, бројот на вработени во Dell е намален за 36.000 во последните три години, односно за околу 27 %.
Cisco пријавил 617 милиони долари трошоци за отпремнини во рамките на реструктурирањето, наведувајќи дека намалувањата ќе овозможат повеќе вложувања во вештачката интелигенција.
На другиот крај на спектарот се наоѓаат произведувачите на чипови кои пријавиле значајно помали трошоци. AMD потрошил 79 милиони долари на отпремнини, додека Micron пријавил 30 милиони долари.
Извор: Bizportal.rs

