Повеќе околу полова еднаквост во огласите за вработување

Полова еднаквост во огласите за вработување
Многу често наидуваме на голем број огласи за вработување кои во самиот текст содржат спецификација за тоа каков работник е потребно за дадено работно место од аспект на пол (се бара девојче, се бара келнерка). Многу е важно да се запомни дека ваквата ситуација не е дозволена.
Имено, Законот за работни односи изрично ја предвидува половата еднаквост при објавување на слободните работни места. Тоа значи дека работодавачот не смее слободното работно место да го објави само за мажи или само за жени, освен ако определениот пол не претставува неопходен услов за извршување на работата. Објавувањето на слободното работно место во никој случај не смее да сугерира дека работодавачот дава кај вработувањето предност на определен пол, освен како што наведовме во законски определени случаи.
Тимот на Јуридика