Повисоки плати и враќање на средното полициско училиште
Визијата на СПМ во однос на подобрување и заштита на правата на работниците/полицајците, отсекогаш била прогресивна и насочена кон иднината,раководена со искуствата од грешките во минатото.
Доказ дека СПМ не се води по дневни и популистички потези кои немаат ни вредност ни трајност, се токму овие најави од седницата на Владата со кои предлозите и идеите, на кои ние како Синдикат работиме години наназад, се во развојна фаза и очекувана реализација во догледно време.
Мораме да изразиме благодарност до надлежните кои ги прифатија нашите предлози и покажаа воља за нивно спроведување.
Како и до сега,СПМ ќе продолжи со конструктивна работа и апелираме до сите вработени во МВР масовно да се приклучат кон нашата организација и со заеднички напори,преку доверба и соработка,да достигнеме репрезентативност која ќе ни овозможи многу побрзо и поефективно да ги оствариме барањата и да ги подобриме правата на вработените во МВР преку нов и усовршен Колективен договор.
СПМ е секогаш на страната на работникот и тоа ќе продолжиме да го докажуваме во периодот што следи.
Да резимираме, ПОВИСОКИ ПЛАТИ од месец Септември, средното полициско училиште СЕ ВРАЌА