ПравдаСветот на работникот

Повреден работник во Кавадарци: 23- годишно момче во болница

   Време за читање помалку од минута

Младо момче вчера било пренесено во болница во Кавадарци откако претходно додека бил на работа паднал и се повредил.

„Вчера вечер околу 18.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека П.Н.(23) од Кавадарци, при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци, паднал и се повредил“ велат од МВР.

Тој бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.