- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Повреден работник, паднал од скеле во Куманово

Повреден работник - Работник
166views

Работник е тешко повреден откако паднал од скеле додека извршувал градежни активности на станбен објект, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 13:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 12:30 часот во населбата „Ајдучка чешма“ И.Н.(62) при извршување градежни работи на станбен објект паднал од скеле и здобил тешки телесни повреди, констатирани во општа болница Куманово, соопшти СВР.

Кумановската полиција извршила увид на местото на настанот.