МакедонијаПравдаСветот на работникот

Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет

134views

Текстилната индустрија во Штип и понатаму е еден од најпогодените кластери од Ковид 19. Во моментов, ова најмногу се должи на неспроведување на заштитните мерки при работа и превоз на работниците од страна на работодавачите. Пред два дена затворена е осмата фабрика во Штип откако повеќе работници тестираа позитивни на вирусот. Во меѓувреме, шест од седумте фабрики кои беа затворени при последниот карантински викенд, се вратени на работа.

Според Мета, оваа среда, во сега веќе затворената фабрика во Штип, на работа дошле неколку работници и покрај тоа што имале симптоми на вирусот.

Загрижувачки е и фактот што во средата, градоначалникот на Штип и здравствените власти потврдија дека е регистриран случај на заразена работничка во чевларска фабрика, па по случајот тројца вработени заминале во самоизолација, а фабриката продолжува со работа во полн капацитет.

Од Центарот за јавно здравје во Штип велат дека бројот на контакти на заболените е голем, машините во погоните се премногу блиску, како и дека не се сигурни колку се почитуваат мерките за превоз на вработените. Истовремено, директорката на Центарот вели дека во Штип граѓаните не ги почитуваат мерките.

Во првиот текст од овој серијал, дадовме осврт на настаните кои се случуваа од почетокот на кризата до сега и кои резултираа со кластерот во текстилната индустрија. Она што е евидентно во последните две недели е фактот дека и покрај тоа што институциите задоцнија два месеци во преземање на ефективни мерки, кои можеа да го ублажат ефектот на кризата врз здравјето на работничките во текстилната индустрија, тие и понатаму се незаинтересирани да го адресираат вистинскиот причинител на хоророт кој ја снајде и онака угнетената текстилна индустрија. Од клучно значење во овие моменти е ситуацијата во која се наоѓаат текстилните работници да биде адресирана од страна на сите надлежни институции и да се преземат мерки за превенција на понатамошно ширење на вирусот.

Во продолжение на овој текст, ви го пренесуваме второто сведоштво од страна на текстилна работничка за време на коронавирусот. Сведоштвата ви ги пренесуваме во нивната оригинална форма.

Повеќе прочитајте на медуза.мк