Повторно се бараат стјуардеси, а еве и кои се условите
Во текот на 2020 година имало многу падови во разни индустрии, особено во авио – секторот, бидејќи строгите мерки поради Ковид – 19 или го прекинале или делумно го ограничиле авиосообраќајот.
Сходно на тоа, немало работа за кабинскиот персонал, па ни приходи и плати, па многумина биле принудени да се преквалификуваат токму сред кризата. Така некои пилоти авионите ги замениле со возови, а престанал интересот и за стјуардеси.
Сега, меѓутоа, ситуацијата се стабилизира и тие повторно се бараат.
Сепак, како што е веќе познато, постојат строги услови за тоа кој може да ја работи оваа работа: тие се однесуваат како на самата природа на вработениот, така и на здравјето и физичкиот изглед. Настапот на кабинскиот персонал во 2021 година можеби е поважен од претходно, бидејќи луѓето треба повторно „да се врата во леталото“, да се мотивираат и да им се избрка стравот.
Што се очекува од стјуардесите и во оваа година?
Според релевантните информации, авио превозниците бараат работници кои прават „срдечна атмосфера“ во авионот и имаа извонредни услужни вештини. Исто така, би требало и продажбата да им оди од рака и да знаат како да „управуваат со кешот“.
Се очекува стјуардесите да бидат запознаени со правилата поврзани со летањето, да во тие норми ги упатат и патниците, да поминат со нив низ вообичаените (и дополнителните) безбедносни протоколи, како и да ги држат етичките стандарди на ниво. Исто така, треба да ги пречекаат и испратат патниците со насмевка и да им пружат помош кога ќе им биде потребна.
Дополнително, се подразбира дека на работа треба да стигнуваат на време (тука нема многу место за флексибилност) и да „дојдат одморени“, како што често се наведува во огласите за работа за стјуардеси. Секако, истото важи и за стјуардите, иако многу повеќе жени има во оваа работа.
Услови
Пред самото избирање, морате прво да исполните одредени барања за да воопшто аплицирате на оглас за работа за стјуардеси/стјуарди. Морате да имате 18 години или повеќе, односно 21 година и повеќе, ако компанијата работи, да речеме, во Обединетите арапски емирати.
Ако сте жена, вашата висина би требало да изнесува минимум 165 сантиметри, а 175 сантиметри за мажи. Притоа, со рацете би требало да достигнувате до 210 сантиметри во висина – кога стоите на прсти.
Во однос на образованието, услов е барем да имате завршено средно училиште, како и да знаете да зборувате и пишувате на англиски јазик. Секако, познавањето на повеќе странски јазики е дополнителен плус.
Треба да имате валиден пасош (без ограничување минимум половина година), потоа да умеете да пливате, да живеете релативно блиску до својата одбрана база (60 минути просечно) или да се подготвени за преселување. Исто така, не смеете да имате присинг или тетоважи на видливи места на телото и кога ќе ја облечете униформата.
Исто така, ако носите очила или леќи, а диоптријата ви е +4 или -4 многу е голема веројатноста да не го поминете медицинскиот преглед.
Извор: Бизнис Телеграф
Фото: Shutterstock
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024