МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Поддршка за протест на Синдикат на полиција на Македонија од Синдикат за угостителство и туризам

80views

Синдикатот за угостителство и туризам изразува силна поддршка за претстојниот протест на СПМ

,,Од името на Синдикатот на угостителство и туризам би сакале да изразиме силна и искрена поддршка за Вашите барања. Ја поздравуваме Вашата подготвеност да делувате и придонесувате кон развивање на полититки кои Ве засегнуваат директно Вас.

Основна карактеристика на една модерна држава претставува почитување на човековите права. Незамисливо е една држава која се залага да биде дел од Европската Унија, во рамките на полицијата на своите вработени да не им ги овозможи основните права.

Информирани сме и активно ја следиме состојбата во Полицијата односно влошената состојба во оваа Институција. Поддршката за организираниот Протест несебично ќе Ви ја дадеме и ќе се бориме заедно со Вас пред се за правата на сите работници , како и  за остварување на Вашите заложби за достоинство и професионализам во оваа институција.

Се надеваме дека ќе ги остварите Вашите барања”, стои во поддршката на СУТ.