- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Поддршка од Бимилк за медицинските работници во Ковид центрите

Поддршка од Бимилк - Работник
585views

Здравствените работници во неколку Ковид центри низ државата беа изненадени со пакети производи од Битолска млекара. Компанијата за медицинските лица испрати Баланс+ Имуно јогурт, производ што има  истакнати здравствени придобивки и состав со функција за зајакнување на имунитетот. Со оваа мала донација Бимилк ја покажа својата поддршка за медицинските работници и во најтешките моменти од здравствената криза и им порача дека не се сами и дека помош ќе има секогаш кога е потребно.  Додека на граѓаните останува обврска да ги почитуваат сите препораки за заштита од КОВИД и да се придржуваат до пропишаните мерки.

Битолска млекара во изминатата година со почетокот на здравствената криза во повеќе наврати реализираше донации во финансиска помош до јавните здравствени установи, следеа донации во опрема и неопходни апарати, а во континуитет и на социјално загрозените семејства им помага со донации.