- Advertisement -
МакедонијаПравда

Поделени ставови за законите за образованието

Поделени ставови - Работник
243views

Пратениците едногласно потврдија дека потребно е да се изменат законите од сферата на образованието за да може да се одржи настава во услови на пандемијата од коронавирусот. Сепак, денеска власта и опозицијата не успеаја да најдат политички консезус.

СДСМ е понатаму на ставот дека државата треба добро да се подготви за започнување на учебната години, а законските решенија ќе и дадат можност на Владата да одлучува за онлајн и за физичка настава, за почеток и крај на учебената година и распустите, како и за тоа колку ќе траат часовите земајќи ја во предвид епидемиолошката слика во општините. 

Министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека онлајн насатава и покрај се, ќе започне на 1 октомври, додека пак за физичката настава ќе одлучуваат бројките на затазени. 

Опозицијата, од друга страна, најавува амандмани на законските решенија бидејќи, како што велат, со нив не се решаваат проблемите на веќе, според нив, лошо организираната учебна година. 

Од ВМРО – ДПМНЕ ќе побараат компјутерите за децата кои се потребни за онлајн настава да бидат обезбедни од државата, нагласувајќи дека при носењето на владината уредба за текот на наставата во услови на пандемија, министерот за образование нема никаква надлежност.