НовостиПравда

Поднесена иницијатива до Собранието за измени на законите за ПИОМ и за здравствено осигурување

   Време за читање 1 минута

Партијата „Единствена Македонија“ и Сојузот на пензионери – за достоинствен живот, до Собранието поднесоа измени на законите за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување.

Со овие измени се предлага линеарно зголемување на пензиите, раст на минималната пензија согласно со минималната плата и укинување на партиципацијата за болничко лекување и за лекови, за жените со наполнети 62, а за мажите со 64 години.

Оттаму очекуваат до пред изборите следнава година пратениците да ги изгласаат законските измени за да докажат дека навистина ги поддржуваат пензионерите.

– Предлозите на законите кои ги доставивме до Собранието веќе се доставени до пратениците. И сега се на ред пратениците. Добивме известување од претседателот на Собранието, Талат Џафери, со неговото писмо кое го достави до нас, дека е доставено со сите 120 пратеници. Бидејќи сите пратеници кажуваат дека им даваат поддршка на пензионерите, сега е редот на нив. Значи, на нив е редот до пред изборите да ги донесат законите – вели Драган Угриновски од Сојузот на пензионери – за достоинствен живот.