- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Позитивен на коронавирус здравствен работник од Кавадарци

Позитивен на коронавирус здравствен работник - Работник
281views

Здравствен работник од Кавадарци е меѓу новозаболените од Ковид-19 во Тиквешијата, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Изминатите 24 часа регистрирани се нови 46 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко. Дваесет и шест во Кавадарци, 15 во Неготино, три во Росоман и два во Демир Капија. Најмладиот има 11 години, а најстариот е на 79-годишна возраст, појасни Јовановски.

Тој додаде дека се работи на утврдување на нивните контакти со цел да се изолираат.