МакедонијаПравдаСветот на работникот

Половина работодавачи се спасија од кривична одговорност за неисплатените плати – за другите претставка до ОЈО

Половина работодавачи се спасија од кривична одговорност - Работник
101views

Владата побара кривична одговорност за половина од газдите кои зеле државна помош, без да им исплатат денар на вработените. Останатите, исплашени од високите казни им поделија  плати на работниците. Од првичните 708 компании, заклучно со 7 август, за април плата не исплатиле 147 фирми, а за мај 197, или вкупно 344 фирми велат од УЈП. Сега , покрај тоа што ќе треба да ги вратат парите, се соочуваат со парична казна од 3,000 евра за правното лице, 900 евра за законскиот застапник, односно директорот, како и затворска казна од 1 до 10 години.

За спас на 1.700 работни места Владата ги субвенционираше компаниите со скоро 400 илјади евра  Но, овие пари наместо кај работниците, завршија во џебовите на газдите. По јавната објава и барањето одговорност, поголемиот дел им пуштија плати, но оние кои зедоа најмногу пари, како Викторија Инвест Елбасан, Жито Вардар, Крин Производство, си ги задржаа парите за себе. Од УЈП велат дека  800 вработени се уште си ги чекаат парите за април и мај. Злоупотребени остануваат 150 илјади евра, државни пари.

Неделава се очекува да бидат објавени и листите на газдите кои не ја исплатиле платата во целост. Станува збор за 3,700  компании кои на над  53 илјади вработени им дале помалку од минималецот кој го добиле од државата.

Извор: Сител