Попандонова: Цените на храната со континуиран пад, но се уште високи
Цените на храната се уште се високи, особено во земјите на Европа и Централна Азија, кои беа особено погодени од нарушувањето што го предизвика војната во Украина. Колку што се објективни причините, се повеќе се размислува за вештачко одржување на инфлацијата на храна, за да се осигура профитот на индустриите на нереално високо ниво, од што се најпогодени ранливите категории на домаќинства со ниски приходи. Ситуацијата е подобра во однос на првите месеци од почетокот на војната во Украина, со континуиран пад на просечните цени на храната во 2023 година, вклучително млечните производи, растителното масло, шеќерот, иако се уште далеку над нивото пред пандемијата. Подобрување има и од аспект на снабденоста со храна како резултат на рекордно високото производство на пченица, пченка, маслодајни семиња и ориз, во земји кои станаа доминатни на производствената мапа, како Аргентина, Бразил, Канада, Кина, ЕУ, САД и Индија.
Ова, во интервју за МИА, го истакнува Лидија Попандонова, претседавач со Европската комисија (ЕК) за земјоделство на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Таа се осврнува на состојбите со храната во светски рамки, но и на препораките на ФАО. Како што нагласува, согласно последните анализи, до 2030 година повеќе од 600 милиони луѓе во светот ќе гладуваат, а поради војната во Украина 23 милиони повеќе од првичната проекција ќе страдаат од недостиг на храна, покажуваат најновите анализи на ФАО.
Повеќе на Сител