ЕкономијаСветот на работникот

Поради боледувањата и карантините во Словенија ќе работат и пензионерите

Владата на Словенија усвои предлог закон за интервентни мерки за поддршка на пазарот на труд, који ќе овозможат зголемено привремено и повремено ангажирање на пензионерите поради недостаток на работна сила предизвикан од боледувањата и карантините. Се очекува дека оваа мерка ќе стапи на сила до крајот на годината.

Пензионерите сега ќе можат да работат привремено или повремено најмногу 90 часа во календарскиот месец. Исто така, ќе можат да работат и до 120 часа во месецот, но не повеќе од три пати во годината. Во тој случај збирот на часовите на објавените привремени и повремени работи во календарската година не може да биде поголем од 1.080.

Според важечкиот закон пензионер вака може да работи најмногу 60 часови во календарскиот месец, а неискористените часови не можат да се пренесат во наредниот месец. На пензионерите им е дозволено да работат и до 90 часа во месецот, три пати во годината. Збирот на часови годишно не треба да надмине 720.

Владата го предала овој закон на парламентот за донесување по итна постапка.