ПОРАЗИТЕЛНА БРОЈКА: МАКЕДОНИЈА Е ПОСЛЕДНА СПОРЕД БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦИ НА 100,000 ЖИТЕЛИ
Македонија има 705 вработени во болници на 100,000 жители во Европа, покажува графикот на „Рефлектор“. Со тоа е на последното место.
Некои од податоците се од 2018/19, а некои од 2020 година, зависно од тоа кога биле евидентирани од Европскиот завод за статистика.
Прва на листата е Швајцарија со 2,649 вработени во болници на 100,000 жители. После неа следуваат Обидинетото Кралство (2,248), Норвешка (2,201) и Малта со 2,130.
Од регионот, најмногу вработени во болници на 100,000 жители има Словенија (1,287), потоа Хрватска (1,204), Бугарија (1,018), Грција (953), Србија (939) и Црна Гора (798).
Претпоследна држава, односно пред Македонија е Лихтенштајн со 753 вработени во болници на 100,000 жители.
Со години наназад македонските здравствени работници заминуваат во западните земји по поголеми плати. Само во последните три години се одлеале 2,000 лекари. Низ целата држава болниците кубурат со медицински кадар.
Пред само два дена, здравствените работници, за време на паузата, одржаат протест за покачување на платите.
