Поранешни вработени го тужат Илон Маск, тврдејќи дека биле отпуштени „неоправдано“
Осум лица отпуштени од Спејс икс поднесоа тужба против сопственикот на компанијата, Илон Маск, тврдејќи дека се отпуштени поради „критикување на работната средина“.Поранешните вработени тврдат дека биле отпуштени во 2022 година поради писмо што го испратиле до раководството за проблемите на работа.Четворица од потписниците на писмото веднаш по испраќањето на писмото добија отказ, а останатите беа отпуштени по внатрешна истрага.Како доказ во тужбата, тие наведоа и некои од објавите на Маск на социјалните мрежи во кои се тврди дека нивните поплаки за несоодветната работна средина во Спејс икс често биле игнорирани.Од компанијата бараат паричен надомест со образложение дека биле „неправедно отпуштени“.Во писмото што го испратија до раководството во наведениот период, работната средина беше наречена „засолниште за животни“ и беше наведено дека објавите на Маск на платформата X се „срамни“.
- КАКО ДО ГЕРМАНСКА СТУДЕНТСКА ВИЗА: Зголемен е износот кој студентите мораат да го уплатат на сметките, но има и алтернативи. Ова се условите - 06/11/2024
- Ако од 2025 година го одложите пензионирањето во Германија, ќе ви исплатат дарежлив бонус - 06/11/2024
- Ментално здравје и работната средина: Стресот најизразен во токсичните работни средини - 06/11/2024