Македонија

Порталот „Работник“ апелира да се почитуваат работничките права во ек на корона кризата

Порталот „Работник“ - Работник
487views

Порталот „Работник“ како општествено – одговорен медиум кој е насочен кон известување за теми поврзани за работниците ги повикува сите работодавачи во јавниот и приватниот сектор да ги почитуваат работничките права во ек на корона кризата којашто покрај голем здравствен проблем ни предизвикува и голем економски проблем, како и во сите други држави кои се погодени од вирусот.

Во ова кризно време треба да покажеме разбирање и хуманост кон работниците кои се најважна алка во економијата во Македонија, да се погрижиме за нивното здравје и безбедност и да изнајдеме соодветни начни како тие да работат без притоа да се заразат од корона вирусот.

Како медиум којшто функционира во една демократска држава и воедно е насочен кон работниците, почувстувавме потреба да ги искритикуваме Владата, поради тоа што сеуште нема преземено конкретни мерки за заштита на правата на работниците и работодавачите во приватниот сектор, од каде што секојдневно слушаме дека има отпуштања на работници и нивно испраќање на неплатен одмор, што за нас преставува грубо кршење на работничките права кои должност им на Владата и работодавачите во приватниот сектор да ги почитуваат и покрај што сме во вонредна состојба.

Наш став е дека работниците треба да ги земаат истите плати како и досега, бидејќи оваа криза нема да трае довека. Должност на Владата е да го спроведе тоа и воедно да ги казни сите коишто без никава основа даваат откази на вработените, ги праќаат на неплатено отсуство или им ги намалуваат платите.

Имаме целосно право како медиум да ја критикувуваме власта и да укажеме на лошите политики кои овој пат можат многу да наштетат на работниците и нивната егзистенција, а со тоа и на нивните семејства.

 

Главен и одговорен уредник

Бобан Илијевски