ПравдаСветот на работникот

Недискриминација на бремени работнички во рамки на ЕУ

Недискриминација на бремени работнички во рамки на ЕУ

Правото на ЕУ ги смета бременоста и мајчинството како околности кои заслужуваат посебна заштита. Членот 33 од Повелбата за основните права на Европската Унија предвидува право на заштита од отказ поради причина поврзана со породилно отсуство и право на платено породилно отсуство и на родителско отсуство по раѓање или посвојување дете, за усогласување на семејниот и професионалниот живот.
Во 2008 година, Европската комисија даде предлог за ажурирање на Директивата на Советот 92/85/ЕЕЗ, чија цел е подобрување на здравјето и безбедноста на бремените работнички. Предложено беше зголемување на минималниот период на породилно отсуство од 14 на 18 недели. Европскиот парламент предложи дополнително продолжување на периодот на породилно отсуство на 20 недели и додаде две недели породилно отсуство под исти услови како и породилното отсуство. Меѓутоа, по првото читање, во октомври 2010 година, текстот влезе во „ќорсокак“ и на 1 јули 2015 година, Комисијата го повлече предлогот. Потоа Комисијата усвои поширок пристап во справувањето со недоволната застапеност на жените на пазарот на трудот и ја усвои Директивата за рамнотежа помеѓу работата и животот од 2019 година за да им овозможи на родителите и на луѓето со одговорности за нега подобро да го балансираат својот работен и семеен живот и да се поттикне порамномерна поделба на обврските за нега помеѓу жените и мажите.

Тимот на Јуридика