Порталот Работник изразува огромно сочувство до семејствата на починатите
Редакцијата на Порталот rabotnik.com.mk изразува длабоко сочуство со семејствата на жртвите во трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, како и посакуваме повредните, што е можно побрзо да се опорават од здообиените повреди.
Исто така, би сакале да им изразиме огромна благодарност на здравствените работници и сите останати коишто несебично помогнаа да се спасат човечки животи.
Апелираме до нашите колеги новинари и медиумски работници, да го почитуваат Етичкиот Кодекс и да не дозволуваат да излегуваат во јавност информации коишто би можеле да не бидат точни.
Со почит,
Редакција на порталот www.rabotnik.com.mk

