После Словенија, директори за среќа се бараат и во други балкански земји – Зошто е значајна оваа позиција?
Словенечките граѓани се посреќни од хрватските и во животот и на работните места, покажала анкетата на мариборската консултантска компанија – дури 78 % од Славениците генерално се задоволни од животот, додека 49 % се среќни на работните места.
Во споредба со соседите, Хрватска е помалку среќна земја: 58 % се среќни во животот, а само 33 % на работните места. Причините можат да бидат различни, но едно покажува дека во Словенија веќе долго време размислуваат за среќата на вработените.
Имено, први во регионот, уште во 2017 година, во компаниите започнале да ја воведуваат позицијата chief happiness officer (CHO) или – директор за среќа. По таа насока сега се движат и Хрватска и Србија, сведочат Маја Лончар и Петра Божиќ Благајац и самите директорки за среќа и консултантки за креирање на позитивна организациска култура. Маја и Петра држат и едукативна академија за идните директори за среќа.
„Во Словенија има околу 35 директори, а повеќе од половина имаат меѓународен сертификат од нашата академија. Но, во целата земја дошло до пораст на грижата за вработените, нивната психолошка сигурност, позитивниот ментален став и благосостојбата. Исто така, забележан е и пораст на грижата на луѓето за поудобен живот и работното опкружување. Особено по периодот на пандемијата кој на многу начини ги раздрма многуте претходни пристапи кон работниот живот“, рекла Маја Лончар.
CHO тренд во Европа
Клучната улога на директорот за среќа во организацијата е да преземе одговорност на стратешко ниво за создавање и негување на позитивното работно опкружување во кое вработените растат и се развиваат, во кое нивното работно искуство е позитивно – особено низ позитивната двонасочна комуникација и отворени односи втемелени на почит и доверба.
Поголемите чекори за кои CHO се задолжени, во главно, се во насока на стратешки анализи и разни процени, како и поставување на т.н. HPI (Happiness Performance Indicators) – систем преку кој се следи ситуацијата, поставувањето на микро и макро тимски и организациски индикатори (визија, цел, вредности) и стратешки оперативен план за воспоставување и негување на организациската култура.
„CHO навистина станува тренд во Словенија и Европа генерално. Потребата произлегла од општиот недостаток на мотивација кај работната сила за работа со оглед на податокот дека цените за вложување и можностите за стекнување на богатства опаѓаат, а просечната плата, која најчесто е главниот мотиватор за работа, останала повеќе или помалку иста. Синдромот на согорување (burnout) исто така е во пораст, а директорите за среќа кои се и психолози и терапевти се делотворна опција за вработените да се носат со стресот“, рекол Тимотеј Стрнад, психолог вработен во компанија која е фокусирана на унапредување на човечкиот капитал.
Стрнад како позитивни страни на работата во Словенија ги напоменува квалитетните соби за одмор, промовирањето чувство на заедништво меѓу вработените, како и менталната и физичката спремност. Како негативности ги истакнал економската и политичката централизација на Словенија и лошата инфраструктура на јавниот превоз која за сега не ги подржува се поголемите барања на дневните миграции во Љубљана.
Против токсична култура
Позицијата директор за среќа се темели на бизнис модел наречен „круг на среќа“, во кој луѓето се ставаат на прво место и за кој е докажано дека во него вработените се задоволни, ангажирани и среќни, а со самото тоа пружаат подобри услуги или производ, што купувачите ги чинат посреќни и полојални, а сето тоа потоа генерира поголеми и подобри бизнис резултати и органски раст на компанијата или организацијата.
Дека таквиот начин на организирање функционира покажуваат и одредени истражувања. „На пример, истражувањето на Меклеан за разликата помеѓу позитивната и токсичната култура на работа открило дека во позитивно работно опкружување вработените во просек трипати помалку „согоруваат“, имаат во просек шест пати поголема веројатност дека ќе бидат амбасадори на својата компанија, во просек 13 пати се повеќе ангажирани, осум пати се подобри во својата работа и за седум пати се поиновативни. Исто така подобро и побрзо учат, подобри лидери се и подобро се подготвени за брза промена и кризи“, нагласила Лончар.
Извор: Пословни дневник
Фото: Shutterstock