МакедонијаСиндикат

Потпишан колективен договор во Министерството за здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу вчера го потпиша Поединечниот колективен договор за вработените во Министерството за здравство, склучен помеѓу Министерството за здравство, САДУ – Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија и Синдикалната организација во Министерството за здравство.

Со договорот се овозможува зголемување на платите на вработените, почнувајќи од 1 март 2026 година до 1 март 2028 година, во износ од 7 отсто, со вклучено порамнување на минималната плата. Дополнително, платите ќе се зголемуваат за по 7 отсто и во 2027 и 2028 година, со што ќе се реализира најавеното изедначување на платите на сите вработени во државната администрација.

Ова претставува значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените, зајакнување на институционалната стабилност и градење пофер систем во јавната администрација.