Потпишување на колективните договори, статусот на вработените во образование. Кои се останатите приоритети на СОНК?
Ќе продолжиме таму каде што застанавме поради опструкциите од страна на т.н. репрезентативни синдикати со поддршка на министрите во минатата влада, рече Претседателот на СОНК Јаким Неделков по средбата со Министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Меѓу приоритети на СОНК се потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование, потврдување на репрезентативноста…
„Ќе мора еднаш конечно да се состане таа фамозна комисија за репрезентативност, потоа да се потпишат колективните договори за основно, средно и високо образование кои веќе се изготвени. Секако одредбите од истите ќе треба да се поминат со новото раководство на МОН, но сметам дека ќе ги прифатат најголемиот дел од нив. Исто така, многу важно ќе биде да ги утврдиме новите коефициенти на сложеност по работно место во согласност со Општиот колективен договор за јавен сектор и методологијата за пресметка на плата од март 2025 година, што е просечна плата по коефициент“, рече Неделков.
Нагласи дека ќе биде особено важно е да се адресира проблемот со недостатокот на ученици и превработеноста на наставници во некои средини во државата.
„Поради веќе познати околности голем дел од селата и градовите се испразнети. Имаме паралелки со многу мал број на ученици, а со тоа тие училишта се економски неоправдани и тука мислам дека ќе имаме слух од МОН и со заеднички план ќе го надминуваме овој проблем. За нас приоритет е ниту еден вработен во основно и средно образование да не остане ниту делумен, ниту целосен технолошки вишок поради ваквите состојби“, посочи Неделков.
Тој очекува социјалниот дијалог да биде на највисоко ниво со МОН, особено со Министерката.
- „Еј мајко му стара, абе овој што ми рече пред петнаест години да го ценам работникот во право бил…“ - 06/06/2025
- ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ НЕКОГАШ ПАРАДОКОСТ? Експертите велат дека потребни се законски интервенции и соодветна евиденција во Агенцијата за вработување - 02/06/2025
- (ВТОР ДЕЛ) ИНТЕРВЈУ – „Брзата и ефикасна правна рамка и инвестирањето се клучни во поттикнувањето на растот на платите во приватниот сектор“ - 29/05/2025