НовостиСветот на работникот

„Потреси“ на пазарот на труд до 2030: Милиони ќе се вработат во оваа клучна област

   Време за читање 2 минути

До крајот на деценијата ќе се отворат околу 170 милиони нови работни места ширум светот, но 92 милиони ќе исчезнат, па нето вработеноста ќе порасне на 78 милиони, покажал извештајот на Светскиот економски форум објавен на 8 јануари.

Технолошките промени, геополитичката фрагментација, економската независност, демографските промени и зелената транзиција, поединечно или комбинирано, ќе бидат меѓу главните фактори кои ќе го обликуваат или трансформираат глобалниот пазар на труд до 2030 година, се оценува во извештајот.

Извештајот за иднината на работните места за 2025 година покажал дека побарувачката која е водена од технолошкиот напредок, како што е вештачката интелигенција, брзо расте, но во проценти.

Најголем раст во клучната област

Меѓутоа, гледано во апсолутни бројки, Форумот комбинирајќи ги своите и податоците на Меѓународната организација на трудот дошол до заклучок дека најголемиот нето раст на вработеност во периодот од 2025 – 2030 ќе биде забележан во областа која е клучна за многу економии – земјоделството.

До крајот на деценијата трендот на зелената транзиција, вклучувајќи ги и напорите за намалување на емисиите на јаглерод и прилагодување на климатската криза, ќе придонесе за раст на работните места во земјоделството за 34 милиони. Во таа гранка сега работат 200 милиони луѓе.

Форумот наведува дека ширењето на дигитализацијата и растот на трошоците на живот ќе придонесат да се зголеми бројот на вработени во земјоделството.

Меѓу првите пет професии по раст на вработеноста уште ќе бидат: возачите за испорака, програмерите, градежните работници и продавачите во продавниците.

Помалку сметководители, административци, хигиеничари…

Истовремено се очекува пад на бројот на продавачи на влезници и благајници, службеници во администрација, хигиеничари, сметководители, ревизори…

Во извештајот се оценува дека поголемиот фокус на програми за континуирано учење, усовршување и преквалификации на компаниите им овозможил подобро да ги предвидуваат и управуваат со идните барања за вештини.

Се предвидува дека технолошките вештини уште побрзо ќе добиваат на значење во наредните пет години, а на врвот на листата се вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и технолошката писменост.

На значење, наведува Форумот, добиваат и креативното размислување и отпорноста, флексибилноста и агилноста заедно со љубопитноста и доживотното учење.

Форумот за истражувањето анкетирал повеќе од 1,000 од најголемите работодавачи во светот кои претставуваат 22 индустриски кластери и вработуваат повеќе од 14 милиони работници.

Истражувањето е објавено во очи на традиционалниот собир на Форумот во Давос од 20 до 24 јануари.

Извор: Бета

Фото: Pixabay