- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Почитување на отказен рок од страна на вработениот – лекција од трудовото право

Почитување на отказен рок од страна- Работник
4.72Kviews
Тема да денот: Почитување на отказен рок од страна на вработениот – член 88 од ЗРО
Членот 88 на Законот за работните односи во ставот 1гласи: „Ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец. Со договорот за вработување или со колективниот договор може да биде договорен подолг отказен рок, меѓутоа не подолг од три месеца.“
Се поставува прашањето што ако си замине работникот без да го почитува отказниот рок од 1 месец? Дали тоа е можно и какви правни последици ќе има за работникот и работодавачот?
Заминувањето без најава, или почитување на отказниот рок од страна на вработениот често се случува во пракса, што значи дека е можно. Согласно постоечките законски и други трудови одредби не постои никаква правна можност работодавачот да се заштити. Најчесто, доколку вработениот не се појави 3 дена на работа, му се дава отказ без отказен рок.
ПОГРЕШНО Е да се предвидуваат посебни одредби за надомест на штета во договорот за вработување кои ќе значат „компензација“ на работодавачот ако вработениот не го почитува отказниот рок. Уште помалку ако износот на штетата е несразмерен, односно многу висок. Постои судска пракса на апелационите подрачја на Македонија каде судот не ги прифаќа овие тужби од работодавачите и не прифаќа дека треба да се исплати надомест на штета. Тоа НЕ ЗНАЧИ дека вработениот не ги прекршил работните обврски. Тоа е друга правна ситуација!
ИЗЛЕЗ е предвидување на нови законски одредби кои ќе ја затворат оваа правна празнина и ќе предвидат можност за одговорност доколку вработениот не го почитува отказниот рок.
проф. д-р Лазар Јовевски
 

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема да денот: Почитување на отказен рок од страна на вработениот – член 88 од…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, December 14, 2020