- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Почна постапка за повлекување на втората транша од 80 милиони евра од ЕУ за подддршка за ковид-мерките

Почна постапка за повлекување - Работник
266views

Владата започна постапка за повлекување на втората транша од 80 милиони евра од ЕУ за поддршка за ковид-мерките.

Владата на седница синоќа ја разгледа и усвоии Информацијата во врска со барањето на Министерството за финансии сите надлежни институции во најкраток можен рок да го пополнат Извештајот со статус на реализација на економски мерки за справување со кризата од ковид-19 од сите пакет мерки за 2020 година и да го испратат до Министерството за финансии најдоцна до 22 март 2021 година.

Врз основа на овој извештај Министерството за финансии ќе достави информација до ЕУ со цел повлекување на втората транша од 80 милиони евра од Макрофинансиска помош на Северна Македонија од Европската унија за буџетска поддршка за мерките за справување со социо-економските последици од кризата.