- Advertisement -
НовостиПравда

Почнувајќи од утре, полициски час од 23ч, угостителските објекти ќе работат до 22.30

Почнувајќи од утре - Работник
127views

Владата го прифати предлогот на Кризниот штаб за олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час ќе започнува од 23 часот и ќе трае до следното утро до 5 часот. 

Угостителските објекти ќе бидат отворени до 22.30 часот, со тоа што останува на сила мерката за работа само на отворените делови и летните тераси, согласно досегашните препораки за растојание меѓу масите, ограничување на четири лица на една маса, како и на секоја да има дезинфекциска течност за раце.

Advertisement

Дополнително, прифатен е и стапува на сила предлогот за задолжителен карантин на сите домашни и странски лица кои ќе допатуваат од Индија или Бразил. 

Advertisement

Advertisement
Advertisement