- Advertisement -
Светот на работникот

По долго боледување, почина новинарката Јасмина Спасовска

419views

По долго боледување денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата. Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија, истакнаа од Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ.

Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум, посочија од ЗНМ.

Advertisement

Advertisement