(Видео) Македонското здружение за заштита при работа одбележува 50 години од постоење
Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР денеска одбележува 50 години од постоењето. Од МЗЗПР на социјалните мрежи објавија видео во кое се раскажуваат нивните почетоци, како и тоа како стигнале до ова ниво на кое се денеска.
Имено, МЗЗПР е здружението кое е задолжено постојано да ја крева јавната свест за тоа колку е важно да се почитуваат мерките за заштита при работа. Нивната улога е особено значајна во ек на пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Неодамна МЗЗПР заедно со уште неколку синдикати, побара вирусот Ковид -19 да биде прогласен за професионално заболување.
Во продолжение погледнете го видеото:

