- Advertisement -
Наука

По повеќедецениска потрага пронајден римски мозаик под лозови насади во северна Италија

897views

Римски мозаик, по кој археолозите трагаа повеќе децении, е откриен под лозови насади во северна Италија, јави Би-би-си.

Истражувачите во провинцијата Неграр ди Валполиела, северно од Верона, ги објавија првите фотографии од добро сочуваниот под украсен со мозаик што „се криеше“ неколку метри под земја, јавува Аваз.ба.

Според официјалните лица, научниците прво откриле потенцијални траги и остатоци од римска вила за време на истражувањето спроведено пред повеќе од еден век.

После понатамошните студии на локацијата, тие утврдиле дека голем дел од вилата е сеуште под земја, а за време на истражувањето што неодамна продолжи, беа постигнати првите конкретни резултати.

Извор: Лидер

Advertisement