Права на осигурување согласно Законот за осигурување при невработеност

Права на осигурување согласно Законот за осигурување при невработеност
Работниците кои се во работен однос, задолжително се осигурени во случај на невработеност. Во случај на невработеност може да се осигуруваат и брачните другари на државјаните на Република Македонија на работа во друга држава, а кои биле во работен однос пред заминувањето во странство.
Основицата за пресметување на правото во таков случај е остварената просечна месечна плата на лицето во годината пред заминувањето во странство, која се усогласува со порастот на платите во државата.
Права од осигурување во случај на невработеност, според овој закон се:
1) паричен надоместок;
2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација);
3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита,
4) право на пензиско и инвалидско осигурување во согласност со прописите за пензиското и инвалидското осигурување на невработеното лице корисник на паричен надоместок на кое му недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија, а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на 15 години стаж на осигурување и
5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон.
Тимот на Јуридика