Практични совети како до побезбедно работно место

Практични совети како до побезбедно работно место
Работодавачот, во согласност со посебните прописи за безбедност и здравје при работа има обврска да ги превземе неопходните мерки со кои ќе ја гарантира безбедноста на секој работник.
Секој работник има право на бесплатна обука која е соодветна на посебните карактеристики на работата, водејќи притоа сметка за неговата стручна подготовка и искуство. Работодавачот е тој кој треба да направи процена на ризикот во смисла на систематски преглед на сите аспекти на работата, со цел да се идентификуваат можните причини за повреди или оштетување на здравјето на работниците или безбедните работни услови.
Неколку начини со кои може да се постигне поголема безбедност и здравје при работа:
Елиминирајте ги потенцијалните опасности – чувајте го работното место безбедно од познатите физички и хемиски опасности и осигурајте се дека вашите БЗР прописи се во иста линија со стандардите, правилата и прописите за БЗР.
Организацијата мора да им обезбеди на сите работници обука за безбедност користејќи јазик што може да го разберат. Оваа обука треба да им се даде на сите нови работници, со курсеви за потсетување за постоечките работници или пак кога работниците ќе бидат прераспоредени во рамките на компанијата.
Осигурајте се дека вработените имаат и користат безбедни алатки и опрема и правилно ја одржуваат оваа опрема. Објавувајте визуелени пораки и безбедносни помагала – користете шифри, бои, постери, етикети или знаци за да ги предупредите вработените за потенцијалната опасност. Поставете дополнително плакати кои ќе содржат важни информации за БЗР.
Допонително предлагаме формирање на совет за здравје и безбедност на работното место составен од работници од различни сектори, од највисокиот менаџмент до вработени на најниско ниво. Советот треба да се состанува најмалку еднаш месечно и да ги информира вработените и високото раководство за безбедносни теми, инспекции, статистики за повреди и болести и други прашања поврзани со безбедноста.
Тимот на Јуридика