Светот на работникот

Импостер синдром: Зошто успешните луѓе најмногу се сомневаат во себе

На прв поглед делува дека е парадоксално луѓето со импресивни кариери, големи одговорности и докажани резултати често ги водат најтивките борби со самодовербата.

Сепак, токму меѓу високоперформирачките професионалци, лидери, лекари, претпремачи и експерти се’ почесто се зборува за импостер синдромот – психолошки образец во кој лицето, и покрај објективните успеси, има чувство дека не е доволно компетентно и дека пред или подоцна ќе биде „разоткриено“.

Американската психолошка асоцијација (APA) нагласува дека не станува збор за службена дијагноза, туку за спектар на искуства кои можат да варираат од повремени сомнежи до хронично чувство на неприпаѓање и внатрешна несигурност.

Она што е посебно интересно е што импостер синдромот многу често не е знак на слабост, туку токму спротивното – се појавува кај луѓе кои имаат високи очекувања од себе, работат во изискувачки опкружувања и константно ги помрднуваат сопствените граници.

Феномен кој најчесто ги погодува успешните

Поимот уште во 1978 година го дефинирале психолозите Паулин Роуз Кланц и Сузан Имес проучувајќи ги успешните жени кои, и покрај академските и професионалните достигнувања, верувале дека ги „измамиле“ другите во проценката на своите способности.

Речиси половина век подоцна, образецот останал ист.

Импостер синдромот ретко се јавува кај луѓето без амбиции или одговорности. Многу често ги погодува оние кои влегуваат во компетитивни опкружувања, водат големи проекти и се наоѓаат под константен притисок од резултатите.

Затоа успехот често не го намалува сомнежот – туку дополнително го зголемува.

Што е позицијата повисока, очекувањата стануваат поголеми, а просторот за грешки помал.

Според истражувањето на компанијата Korn Ferry од 2024 година, дури 71 % од американските извршни директори и 65 % од вишите раководители чувствуваат симптоми на импостер синдром. Кај професионалците на почетокот на кариерата тој процент е значајно понизок и изнесува 33 %.

Тоа не значи дека лидерите не веруваат во своето знаење. Напротив, поголемиот дел од нив сметаат дека поседуваат доволно искуство и компетенции за своите функции.

Проблемот е во постојаниот притисок.

Денешните раководители истовремено управуваат со деловни трансформации, технолошки промени, развој на вештачка интелигенција, очекувања од инвеститорите и управување со луѓето, додека притоа се изложени на константна јавна проценка.

Во такво опкружување дури и многу успешните луѓе често имаат чувство дека непрестајно мораат да ја докажуваат сопствената вредност.

Модерната култура на работа дополнително го зајакнува чувството на недоволност

Се’ повеќе истражувања покажуваат дека импостер синдромот не е само индивидуален проблем, туку и последица на начинот на кој се организирани совремните деловни системи.

Студија од 2025 година покажала дека на ова чувство силно влијаат културата на перформанс, притисокот од резултатите, неизвесност и очекувања кои им се наметнуваат на вработените уште во раната фаза на кариерата.

Со други зборови, проблемот не е секогаш во лицето.

Често станува збор за систем кој константно произведува споредби, натпревари и чувство дека никогаш не сте доволно добри.

Тоа посебно е изразено во професиите со високи стандарди и голема видливост на грешките.

Мета-анализа од 2025 година, која опфатила повеќе од 11,000 здравствени работници, покажала дека симптоми на импостер синдром имаат дури 62 % од испитаниците.

Уште понова анализа меѓу студентите по медицина покажала перваленција од 49 %, што укажува на тоа дека образецот почнува многу рано – уште во текот на професионалното формирање.

Сомнежот не е секогаш лош

Интересно е тоа што дел од експертите денес се обидуваат поинаку да ја набљудуваат оваа појава.

Басима Тевфик од MIT Sloan School of Management ги истражувала т.н. „imposter thoughts“ (импостер мисли) и заклучила дека луѓето кои повремено ги преиспитуваат сопствените способности често имаат поразвиена емпатија, повнимателно ги слушаат другите и се поотворени за учење.

Одредена доза на внатрешен сомнеж може да ја зголеми понизноста и способноста за прилагодување.

Проблемот настанува кога сомнежот ќе прерасне во хронична несигурност.

Тогаш луѓето започнуваат да ги одбиваат приликите за напредување, ја избегнуваат видливоста, работат прекувремено за да ја „докажат“ својата вредност и влегуваат во burnout (согорување).

Кевин Кешмен од Korn Ferry смета дека најдобрите лидери не се оние кои не се сомневаат во себе, туку оние кои успеваат да пронајдат баланс помеѓу самодовербата и понизноста.

Проблемот не е секогаш во поединецот

Важен пресврт во разбирање на оваа тема донеле авторките Ручика Тулшијан и Џоди Ен Бури низ текст за Harvard Business Review.

Тие предупредуваат дека импостер синдромот често погрешно се претставува како индивидуален проблем со самодовербата, посебно кај жените и малцинските групи.

Нивната клучна порака е дека не е можно да се зборува за импостер синдром без разговор за работните системи кои произведуваат чувство на неприпаѓање.

Пристрасноста, нееднаквите прилики, исклученоста од важни деловни мрежи и културата без психолошка сигурност можат дополнително да го зголемат чувството дека луѓето не се доволно добри, дури и кога резултатите го покажуваат спротивното.

Поради тоа советите како „само верувај во себе“ често не го решваат проблемот.

Што навистина помага?

Експертите денес се’ повеќе нагласуваат дека целта не е потполно да се елеминира секој сомнеж.

Многу е поважно да се развие здрав однос кон сопствените способности и успехот.

Како клучни фактори се издвојуваат јасните критериуми за успех, квалитетен фидбек, менторска поддршка и психолошка сигурност во тимовите.

Подеднакво е важна и личната работа на тоа луѓето да научат сопствените резултати автоматски да не ги препишуваат на среќа, случајност или туѓа проценка.

Бидејќи импостер синдромот кај успешните луѓе многу често не поради недостатокот на компетенции.

Многу почесто станува збор за недостаток од внатрешно дозволување успехот навистина да го прифатите како свој.

Извор: Bankar.me