Правда

Предизборни вработувања: Оглас за 280 работни места во Македонски Пошти

Предизборни вработувања - Работник
171views

Вработувањата пред избори не престануваат да се нижат. Конкурсите не стивнуваат во предизборниот период и покрај апелите од антикорупционерите дека предизборните вработувања се изборна корупција, објави Курир.

Според Курир, оглас за 280 работни места на неопределено работно време објавиле и Македонски пошти, на неполни два месеци пред одржувањето на изборите. Јавниот оглас е отворен, главно за поштари, на територијата на целата држава.

Антикрупционерите ветиле дека внимателно ќе го следат однесувањето на сите чинители во општеството во предизборитето и дека доколку забележат дека има корупција ќе реагираат по сопствена иницијатива и по допредн глас, пренесува Курир.