Предлог-буџетот за 2025 година деновиве пред пратениците
Премиерот Христијан Мицкоски очекува предлог-буџетот за 2025 година кој помина на владина седница, деновиве да се најде пред пратениците. Економскиот раст проектиран на 3,7 проценти за следната година, вели дека може да биде и надминат доколку се реализираат најавените инвестиции на компаниите и капиталните инвестиции.
-Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти, во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде се како што го проектираме со инвестициите на компаниите и со инвестициите на државата, да дојдеме и до четворка и не би се изненадил ако следната година биде 3,7 и повеќе, бидејќи такви се индикаторите со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи што треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики кои сè уште не се отпочнати, а очекувам во периодот којшто следи, да отпочнат така што, проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако биде и повеќе – изјави Мицкоски по денешната посета на општина Ѓорче Петров.
Вкупните приходи во Буџетот за 2025 се планирани на 358 милијарди денари, што е за 13 проценти повеќе од буџетот за 2024 година, додека вкупните расходи се проектирани на ниво на 400 милијарди денари, што е раст од 10 проценти во однос на буџетот за 2024 година. Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 проценти, буџетскиот дефицит на четири проценти, инфлацијата 2,2 проценти.
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025