Прекувремена работа: препознајте кога е неопходна, а кога е скриен мобинг
Прекувремена работа: препознајте кога е неопходна, а кога е скриен мобинг
Законското работно време во Македонија изнесува 40 работни часови неделно и не смее да биде подолго, освен по барање на работодавачот во случаи определени со закон:
во случаи на исклучително зголемен обем на работа;
кога е потребно продолжување на деловниот или производниот процес;
ако е неопходно отсртанување на оштетување на средствата за работа што би
предизвикало прекин на работата;
ако има потреба да се осигури безбедноста на луѓето и /или имотот, или пак безбедноста
на прометот;
во други случаи кои се предвидени со закон или во колективен договор.
Прекувремена работа во тек на една седмица не смее да надмине 8 работни часа, односно најмногу 190 работни часа на годишно ниво (освен за работите, кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени). Исто така, прекувремената работа не смее да изнесува во просек повеќе од 8 часа неделно во период од 3 месеци. Работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на труд, а должен да води посебна евиденција за прекувремената работа. Часовите за прекувремена работа работодавачот мора посебно да ги наведе во вашата месечна пресметка на плата, која пак е должен да ви ја издава секој месец.
Тимот на Јуридика

