„Преку утврдената систематизaција, работниците ќе имаат увид колку им изнесува платата“ (ВИДЕО)
Би било одлично кога сите компании, без разлика на нивната големина, би имале утврдена систематизација на работните места, вели адвокатот Александар Димитријевиќ.
Според него, на тој начин може многу лесно да им се олесни на работодавачите, бидејќи ќе знаат кој работник какви работни задачи има. Истото важи и за работникот, кој ќе има и увид во тоа колку изнесува платата на работното место на кое работи.
Додаде дека синдикатот, а со тоа и работниците, онаму каде што нема синдикат, имаат голема улога во систематизацијата, бидејќи треба да бидат консултирани за истата, со оглед на тоа дека истото е и предвидено со Законот за работни односи.
Повеќе во видеото: