Правда

Преку Фејсбук се заканил дека во автобуси има бомби

46views

В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа Фејсбук добил заканувачки пораки од профил  на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека истите ќе бидат активирани.

Полициски службеници извршиле проверки, при што не биле пронајдени експлозивни направи.

Во СВР Битола бил приведен З.Ѓ. (43) од село Болно, Ресенско, поради постоење основано сомневање дека е лицето кое ги упатувало споменатите закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.