- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Притисоците врз текстилните работници за потпишување на спогодбени откази растат

Димовски: Работодавачите што се огрешиле - Работник- Работник
864views

Доаѓа време на дополнителен притисок, но по ниту една цена не потпишувајте ништо ! „-алармира штипското здружение за  заштита на работнички права Гласен текстилец. Ваквите предупредувања доаѓаат откако во изминатиот период зачестија  поплаките од работници вработени на неопределено на кои им се врши притисок за да потпишат спогодбени откази.

„ Постојано се прават притисоци во фирми од страна на надредените лица врз вработените, со тоа што самите работници се приморани да потпишуваат спогодбен прекин на договорот за вработување, а при тоа самите работници се несвесни за штетата што оди на нивна страна. Потоа е многу тешко да се реагира доколку нивниот потпис стои на листовите со име, презиме и датум„- изјави Дијана Ристовска-Гласен текстилец.

Advertisement

Ваквата манипула скапо ќе го чини работникот. Пред да се потпише било каков документ од ваков вид најдобро е работникот да се консултира со правник или случајот да го пријави во здружението и трудовиот инспекторат, советуваат од Гласен текстилец.   Со спогодбен отказ газдите  немаат обврска да исплатат опремнина, а работникот  ја губи задолжителната финансиска помош од државата..

   „Со потпишување на спогодбен отказ, работниците не ги следува надомест од Агенцијата за вработување, а н ги следува ниту здравствено осигурување во периодот додека трае надоместокот„-објаснува Ристовска

Advertisement

Поради лошата економска состојба и немањето на работа, се очекува притисоците врз работниците постојано да  растат. Ако ваквиот однос претходно беше карактеристичен само за во текстилната гранка, сега е изразен во речиси целиот приватен сектор. 

Извор: Алфа

Advertisement