При платите кои ги нуди Германија нереално е да се очекува работниците да останат тука

Германија се повеќе бара работници од просторите на Западен Балкан, па наскоро државјаните на Србија и соседните земји би можеле да добијат повлстен пристап до германскиот пазар на труд.

Овие повластувања можат да се видат во двојното зголемување на годишните квоти на 50,000 работници и воведување на „карта за шанса“, еден вид на зелен картон.

При олеснувањата кои ги воведуваат земјите од Западна Европа, нереално е да се очекува дека луѓето ќе останат тука, доколку нешто итно не се промени, оценува Јелена Јетовиќ од Унијата на работодвачи на Србија.

Таа вели дека во овој момент во Германија најмногу се бараат медицински работници, лекари, стоматолошки и медицински сестри, геронотолошки сестри, но и сите занаети, како и готвачи, помошници готвачи, собарки…

„Широк е спектарот на професии, но најмногу се во прашање секторите угостителство, грдежништво, медицина и услужните дејности“, вели Јетовиќ за Н1.

Најголема причина поради која заминуваа работниците од Србија, па може слободно да се каже и Македонија, се парите, но тоа не се однесува на сите професии.

„Медицинарите повеќе немаат толку проблем со парите, туку сакаат да се почитува нивната професија, која тука, според нив, не е доволно ценета. Занаетите се повеќе платени во Германија, бидејќи германската економија и БДП-то не можат да се споредат со нашите“, рекла Јетовиќ.

На прашањето дали имаме работна сила или се веќе во проблеми, вели дека недостигаат сеознски работници, но и работници во речиси сите сектори кои заминуваат во странство.

„Со сите олеснувања кои ги нудат земјите од Западна Европа не е реално да се очекува луѓето да останат тука ако нешто не се промени“, рекла таа и нагласила дека поради тоа Унијата на работодавачи покренала иницијатива за реформа на обрзовниот систем за да се промовираат занетите.

Потсетува дека сега на струките кои се дефицитарни се запишуваат по тројца ученици.

Извор: N1

Фото:: Pixabay/Unsplash