Отсуствува ли колективното преговарање во Македонија?
Отсуствува ли колективното преговарање во Македонија?
Социјалниот дијалог и колективното преговарање во негови рамки се основата за остварување и унапредување на работничките права за да им се овозможи на работниците достоинствена работа.
Во Македонија како резултат на недоволното делување на синдикатите, односно немањето слух за нивните барања, колективното преговарање е слабо ли воопшто не постои (во одредени сектори и претпријатија). Иако е предвидено во правната рамка сочинета од Законот за работни односи и соодветните прописи во кои се регулира, сепак не се практикува. Имено, најголем процент од членовите на синдикатите се вработени во државната служба, додека во приватниот сектор синдикална традиција речиси не постои, а синдикалните организации сè уште се обидуваат да придобијат членови токму од приватните претпријатија. Од друга страна пак, работниците од приватниот сектор сè уште се обесхрабрени синдикално да се организираат иако работничките права токму во овој сектор (општо земено, иако има исклучоци) се најмалку почитувани.
Ова е системски проблем кој треба да се реши со системски пристап, бидејќи не можеме да очекуваме достоинствена работа за македонските работници доколку ништо не се промени во нагорна линија во рамки на социјалниот дијалог.
Тимот на Јуридика

