ЕкономијаМакедонија

Продажните цени на индустриските производи во ноември лани повисоки за 0,4 отсто на годишно ниво

   Време за читање 1 минута

Во ноември 2020 година продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 0,4  отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.Во ноември 2020, во споредба со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,5  проценти, во Преработувачка индустрија за 0,3 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,1 процент.

Според ДЗС, во ноември 2020, во однос на ноември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 процент, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,4 проценти. Во секторот Преработувачка индустрија се непроменети.