- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Продолжен рокот за доставување годишни сметки - Работник
136views

Централиот регистар го продолжи рокот за достаување годишна сметка  до 25 март 2021 година. Согласно барањата пристигнати до Централнците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот, информираат од Централниот регистар. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот, како што наведуваат, се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови.

Потенцираат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.  Од Централниот регистар наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден, 11 март над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, но, посочуваат, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција, секогаш е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.