МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Барањето правда пред судовите, причина за деградирање на синдикалните лидери?

   Време за читање 1 минута

Околу дестина тужби против Раководството на АД „ЕСМ“ се добиени од страна на Самостојниот синдикат на работнците во енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ, рече Димче Грков, Претседател на синдикалната подружница Енергетика при ССЕРИ во интервјуто за порталот Работник.

„Можам да кажам и сега после две и пол години дека сите се добиени во прв степен, а веќе три тужби се и правосилни. Конкретно за синдикалната организција каде што сум јас претседател, тужбата е добиена уште на 27.09.2019 година, каде што јасно судот наложува на Раководството на АД „ЕСМ“ чланарината која во први и втори месец 2018 година, од на нив само јасни причини, ја врати на работниците, да ни ја врати на нашите сметки во целост“, рече Грков.

Тој посочи дека судот му наложил на Раководството на АД „ЕСМ“ да му ја врати чланарината на синдикатот која раководството ја префрлало на сметкат на другиот синдикат во компанијата. 

Повеќе погледнете во видеото:

 

Бобан Илијевски