Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа по ребалансот на Буџетот.

Во текот на вчерашниот, шести ден од расправата, беа разгледани 19 амандмани од кои беше прифатен само еден со кој се бараше да се одвојат 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската депонија во Нерези.

Поднесени се вкупно 204 амандмани од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство.

Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена.