Занимливости

Пронајдени докази што ја побиваат теоријата за потеклото на водата на Земјата

Долги години, во научната заедница беше прифатена хипотезата дека водата на Земјата пристигнала преку астероиди кои ја удирале нејзината површина во раните фази од формирањето на планетата. Новото истражување од Универзитетот во Оксфорд сериозно ја доведува во прашање оваа идеја.

Имено, резултатите објавени во научното списание Icarus убедливо сугерираат дека Земјата уште при своето формирање содржела доволно водород — клучен елемент за настанок на вода — и дека не морала да го добие од надворешни извори.

Водата не паднала од небо — најверојатно потекнува од карпите

Истражувачкиот тим од Оксфорд ја анализирал ретката група метеорити познати како енстатит-хондрити, чиј состав е сличен на оној од кој се формирала раната Земја пред околу 4.55 милијарди години. Ова е логично, бидејќи и Земјата и метеорите се формирале од ист материјал.

Фокусот на новата студија бил примерокот наречен LAR 12252, пронајден на Антарктикот. Со помош на напредна метода на рендгенска апсорпциска спектроскопија (XANES), спроведена во лабораторијата Diamond Light Source во Харвел, научниците откриле дека метеоритската маса содржи значајни количини водород сулфид, односно сулфуроводород (H₂S).

Најважно е што овие молекули потекнуваат внатре од Земјата — не се резултат на контаминација по падот на Земјата. Ова укажува дека материјалот од кој е формирана Земјата бил многу побогат со водород отколку што претходно се сметало.

Главниот автор на студијата, Том Барет, изјави дека тој и неговите колеги биле воодушевени кога откриле водород сулфид на место каде што не го очекувале.

„Бидејќи е малку веројатно дека потекнува од Земјата, ова истражување силно ја поддржува идејата дека водата на Земјата е изворна — резултат на материјалот од кој е создадена планетата“, истакна тој.

Целиот текст тука